Ралф Рангник, преодниот менаџер на Манчестер јунајтед го опиша тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг како „врвен менаџер“ по шпекулациите дека Холанѓанецот е пред промоција на „Олд Трафорд“ токму како замена за Германецот.
Британските медиуми тврдаат дека Јунајтед преговара со Ајакс за предвремено раскинување на договорот, но Рангник одби да потврди дека работата е завршена, иако изјави дека го знае идентитетот на тренерите со кои се разговарало и дека се работи за луѓе од „висок калибар“.
„Ова е прес-конференција за утрешниот меч кај Евертон и нема да зборувам за некој потенцијален нов менаџер. Знам само дека клубот разговараше со врвни тренери, и ако ова го вклучува Ерик Тен Хаг, тоа е точно и за него“, вели Рангник.