Top Sport

Рангник за Милан: Ми треба влијание во клубот за да прифатам таква работа

Ралф Рангник откако прво инсистираше дека не преговара за трансфер во Милан, сега признава дека преговорите со италијанскиот клуб се прекинати поради корона вирусот и дека бара да има „одредено влијание“ во клубот за да ја прифати понудата.

Поранешниот тренер на Хофенхајм  сега е одговорен за фудбалски развој во различните клубови на Ред бул во Лајпциг, Салцбург и Њујорк. Тој беше главната причина што од Милан си замина Звонимир Бобан кој беше налутен што директорот на клубот Иван Газидис без негова согласност разговарал со Рангник и му понудил да има улога на класичен англиски менаџер, кој ќе одлучува и за трансферите. Сега, Рангник, по неколку деманти признава дека имало контакти.

„Имаше приод од Милан, но со корона вирусот, искрено имаше други работи за размислување, на пример дали Ралф Рангник е вистинскиот човек за нив. Не сум заинтересиран за финансиските аспекти, туку мене ми е потребно да имам одредено влијание во клубот, што не е исто како да имаш моќ“, вели Рангник во интервју за весникот „Мителдојче цајтунг“.

Scroll to Top