Top Sport

Рангник: Забицер е поинаков откако отиде во Манчестер

Австрискиот селектор и поранешен менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник вели дека Марсел Забицер добил на самодоверба по позајмицата кај „ѓаволите“, откако постигна два гола при 4:1 победата над Азербејџан на стартот на квалификациите за ЕУРО 2024.

Забицер во јануари пристигна на позајмица на „Олд Трафорд“ од Баерн Минхен, и се верува дека Ерик Тен Хаг ќе се обиде да го добие на постојан трансфер во текот на летниот преоден рок.

„Заби беше фанатастичен, не може да се скрие таквиот впечаток. Тој е супер-квалитетен фудбалер и мислам дека промената добро му дојде. Тој ја направи разликата на овој меч“, вели Рангник.

Scroll to Top