Спортскиот директор на РБ Лајпциг, Ралф Рангник побарал да биде ослободен од својата позиција на крајот на месецот за да ја преземе улогата на шеф за спорт и развој на фудбал во Ред бул, потврдија од бундеслигашот.
Рангник, кој е во Лајпциг од 2012 година, исто така повремено беше тренер на клубот, вклучувајќи ја и изминатата сезона во која тие завршија на третото место во Бундеслигата и загубија во финалето на ДФБ купот од Баерн.
РБ Лајпциг е еден од четирите клубови контролирани од австрискиот гигант за производство на енергетски пијалоци, покрај Салцбург, Њујорк и Ред Бул Бразил. 60-годишниот Рангник ќе биде заменет од Маркус Креше, кој пристигнува од новиот бундеслигаш, Падерборн.