Top Sport

Раниери: Арсенал и Артета покажаа непочитување

Менаџерот на Вотфорд, Клаудио Раиери открива дека му кажал на Микел Артета дека неговиот тим нема респект кон никого по 1:0 поразот во неделата, разочаран од начинот на кој беше постигнат голот на Емил Смит Роув.

Раниери смета дека „топчиите“ дошле до голот поради неспортско однесување, бидејќи неговиот тим ја шутна топката во аут за повредениот Озан Туфан да добие помош. Вотфорд ја очекуваа топката назад кога играта продолжи, но Арсенал дадоа гол во следната акција.

„Ја исфрливме топката во аут и сите очекувавме Арсенал да ја врати. Сисоко и Роуз кажаа: ‘дајте ни ја топката, ние ја исфлривме во аут поради повреден играч’. Односите со Артета се многу добри и му кажав дека покажаа големо непочитување“, објасни Раниери.

Артета го бранеше својот тим.

„Морам да ги штиташ моите играчи, тимот и клубот. Ние сме најискрени околу тоа. Иако понекогаш сме наивни. Ако тој мисли така, се извинувам, но немаше амера“, вели Артета.

Scroll to Top