Top Sport

Раниери: Да не бев јас, Абрамович немаше да го купи Челси

Менаџерот на Вотфорд, Клаудио Раниери вели дека тој е еден од најзаслужните што рускиот милијардер Роман Абрамович се реши да го купи Челси и да го трансформира во сила во Англија и во Европа.

Во интервју за италијанскиот весник „Ла република“, Раниери се потсети на неговите четири години на „Стемфорд бриџ“ од 2000 до 2004, кога не освои титули, но ги постави „темелите“ на успешната иднина.

„Малкумина се сеќаваат, но Роман Абрамович го купи клубот по мојата трета година кога се квалификувавме за Лигата на шампионите. Без тој резултат, немаше да го купи клубот и фудбалската историја ќе беше многу поинаква. Челси сега се еден од најсилните клубови во светот. Томас Тухел дојде и ја среди одбраната, а Ромелу Лукаку го прави тимот уште посилен“, вели Раниери.

Scroll to Top