Top Sport

Раниери ги загуби нервите, одби да замине на трибините (видео)

Иако Клаудио Раниери е познат како смирен и повлечен човек, и италијанскиот ветеран знае да ги загуби нервите.

Поранешниот шампионски тренер на Лестер сити, ги загуби нервите во 65. минута од мечот на неговиот Нант против Анжер во француската Лига 1, откако фудбалерот на Нант, Баму доби втор жолт картон, а Италијанецот „полуде“.

Тој дури одбиваше да се упати на трибините, но по неколку минути „потклекна“ под притисокот.

Нант славеше со 1:0 за да се искачи на петтото место во Франција со 30 поени, 17 помалку од лидерот Пари Сен-Жермен.

Scroll to Top