Top Sport

Раниери: Нема вистински расизам на италијанските стадиони

Тренерот на Рома, Клаудио Раниери вели дека расистичките извици на италијанските стадиони не се „вистински расизам“ по неколкуте инциденти оваа сезона.

Во Италија има голема дебата околу однесувањето на навивачите, посебно по инцидентот на младиот фудбалер на Јувентус, Моисе Кин и расистичките извици кои ги добиваше тој на стадионот во Каљари, но поранешниот тренер на Челси и Лестер сити вели дека нема голем проблем.

„Расизмот кој го гледаме на стадионите е многу глупав начин да се потсмевате на најнизок и најглупав начин момчето чија кожа не е толку светла. Се работи за глупост. Мислам дека нема вистински расизам на стадионите, или во најлоша можна варијанта, се работи за многу големо малцинство“, вели Раниери за „Ла газета дело спорт“.

Зачудувачки Каљари нема да се казнети за расистичките извици кон Кин (видео)

Батшуаи ги обвини навивачите на Аталанта за расизам

Scroll to Top