Top Sport

Раниери: Сакав да го „убијам“ Камара (Видео)

Менаџерот на Фулам, Клаудио Раниери, рекол дека Абубакар Камара сам решил да го шутира пеналот против Хадерсфилд и дека треба да му биде благодарен на Александар Митровиќ бидејќи тој „му го спасил животот“.

Фулам во драматичен меч забележа победа 1:0, со голот кој Митровиќ го постигна во 91.минута.

Десет минути претходно, Камара влезе во расправија токму со Митровиќ и на своја рака шутираше пенал, но не успеа да погоди.

„Му кажав да му ја остави топката на Митровиќ, бидејќи тој е човекот што ги шутира пеналите. Неверојатно е тоа што го направи. Не покажа почит кон мене, кон соиграчите и публиката. Разговарав со него и тоа не беше добар разговор. Кога го промаши пеналот сакав да го „убијам“, мислам дека тоа е нормално. Минатиот пат тој го шутираше пеналот, но тогаш на теренот не беше Митровиќ“, изјавил Раниери за Би-би-си.

Фулам по 20 натпревари има 14 бода и се наоѓа на 18.позиција на табелата во Премиер лигата.

(моментот за кој зборува Раниери на видеото започнува од 3:20 минута)

Scroll to Top