Top Sport

Расел Вестбрук во групацијата која ќе го преземе Лидс јунјтед

НБА ѕвездата, Расел Вестбрук е дел од американскиот конзорциум „49ерс ентерпрајзис“ кој се обидува да го преземе англискиот второлигаш Лидс јунајтед, јавува „Индепендент“.

Вестбрук, кој е 14. најплатен спортист на светот според магазинот „Форбс“, се приклучува на американските голфери Џордан Спит и Џастин Томас како малцински акционер во групцијата која го купува кубот од Италијанецот Андреа Радрицани.

„Имав среќа што разговарав со дел од партнерите во овој договор“, изјавил Вестбрук за „Индепендент“.

Лидс испаднаа од Премиерлигата минатата сезона и го ангажираа германскиот тренер Даниел Фарке како нов менаџер во обид да остварат експресно враќање во елитата.

Scroll to Top