Челниците на Манчестер Јунајтед ги започнале преговорите со Маркус Рашфорд околу продолжувањето на неговиот договор, објави ЕСПН. Актуелниот договор на Рашфорд со Јунајтед истекува во 2021 година.
Преговорите биле во почетната фаза, а според истиот извор Манчестер Јунајтед на фудбалерот му нуди нов петгодишен договор со значително зголемена плата.
Според актуелниот договор Рашфорд заработува 85.000 фунти недело, а Јунајтед со новиот договор му нудат и двојно поголема плата, односно 170.000 фунти.
Младиот напаѓач, оваа сезона има одиграно 22 натпревари на кои забележал девет гола и шест асистенции.
Интерс за Маркус Рашфорд изминатиот период најмногу покажува Реал Мадрид, но сега е јасно дека „кралскиот клуб“ нема шанси да го донесе младиот напаѓач.