Top Sport

Рашфорд постави нов рекорд во ЛШ

Маркус Рашфорд со хет-трик го предводеше Манчестер Јунајтед, до убедливата победа над Лајпциг (5:0), во Лигата на шампионите.

Рашфорд не беше во стартниот состав на Јунајтед, на теренот се појави во 63 минута. Него му беа потребни 27 минути за да ги постигне трите гола. Ова е најбрзиот хет-трик на една резерва во историјата на Лигата на шампионите.

Претходниот рекорд беше во сопственост на Килијан Мбапе (38 минути), додека на третото место се наоѓа на Валтер Пандијани (44 минути).

Scroll to Top