Англија го одработи последниот контролен меч пред Светското првенство, откако на „Еланд роуд“ во Лидс со 2:0 беше подобра од уште еден учесник на Мундијалот, Костарика.
Маркус Рашфорд во 13-тата минута од мечот постигна фантастичен гол, пред Дени Велбек во финишот на натпреварот одлично да го процени додавањето на Деле Али за да ги постави конечните 2:0 во добра контрола на селекцијата на Герет Саутгејт.
Take a bow Marcus Rashford ???????? #mufc pic.twitter.com/jbYtOtl9wC
— UtdHQ_ (@UtdHQ_) June 7, 2018
Англија во првиот подготвителен меч со 2:1 ја совлада Нигерија, и сега за „трите лава“ следуваат подготовки за првиот меч од групата Г против Тунис на 18 јуни.