Маркус Рашфорд тврди дека не постои „поделба“ во соблекувалната на Манчестер јунајтед по пристигнувањето на Кристијано Роналдо, барајќи новинарите да престанат да измислуваат приказни и да создаваат поделби во тимот.
Постојаноста на Јунајтед оваа сезона е катастрофална, и се шпекулира дека Роналдо е „изолиран“ по пристигнувањето на привремениот менаџер Ралф Рангник, а оваа недела германскиот „Спорт Билд“ тврдеше дека против Роналдо се „собрале“ англиските фудбалери на тимот, предводени од Рашфорд и Хери Мегваер.
Одговарајќи на пост од новинарот на „Спорт Билд“, Кристијан Фалк, Рашфорд одговори на Твитер.
„Дали сега ги измислувате работите ден по ден? Ве молам престанете да барате поделби“, напиша Рашфорд.
Are we just making it up as we go along now then? Please stop looking for divides. https://t.co/gVwQuYMwx4
— Marcus Rashford MBE (@MarcusRashford) February 16, 2022