Фудбалскот клуб Ливерпул до крајот на сезоната ќе ја носи опремата на компанијата „Њу Баланс“. Клубот од „Енфилд“ по пет години реши да го смени производителот на спортска опрема откако не успеале да се договорат со „Њу Баланс“ за продолжување на соработката.
Јасно е дека финансиските детали биле најважни, „Њу Баланс“ не можеле да се носат со понудата на „Најки“.
Американската компанија и Ливерпул потпишале договор кој ќе важи од 1 јули, а според кој „црвените“ годишно ќе добиваат 85 милиони евра.