Фудбалскиот клуб Трабзон објави дека напаѓачот Даниел Стариџ го раскинал договорот со клубот.
Искусниот фудбалер минатото лето од Ливерпул се пресели во Турција. За Трабзон настапил на 13 натпревари на кои постигнал седум гола.
Клубот соопшти дека Стариџ побарал да го раскине договорот и дека се откажал од условите што му следувале до крајот на сезоната.
Стариџ сега е слобдоден играч и може да потпише со екипа по свој избор.
Поранешниот англиски репрезентативец кариерата ја започнал во Манчестер сити, а потоа играше за Челси и Болтон, во Ливерпул се пресели во 2013 година.