Top Sport

„Раскол“ во бордот на Барселона – Местре замина, следен е Сегура?

Оставката која ја даде Жорди Местре од бордот на Барселона во средата значи дека има вистински „раскол“ во клубот кој е фокусиран околу генералниот менаџер на тимот, Пеп Сегура, тврди „Марка“.

Според шпанскиот весник, повеќе директори на клубот го обвинуваат Сегура за слабите настапи во Лигата на шампионите и за лошата трансфер-политика, но и за лошото ракување со славната академија на клубот „Ла Масија“.

Поради ова, постои фракција која бара или заминување на Сегура или намалување на неговите обврски во тимот. Местре беше целосно на страната на Сегура, но бил во конфликт со Силвио Елиас, Хавиер Бордас и Чавиер Вилажоана, и решил да замине пред да се донесе одлуката за иднината на Сегура.  Ако Сегура замине, тогаш Бордас и Вилажоана се први кандидати за неговото место, иако постои опција претседателот на клубот, Жозеп Марија Бартомеу да ги преземе обврските.

Една од причините за несогласувањата се различните мислења за потенцијалните трансфери на Антоан Гризман и Нејмар. Голем дел од управата на Барса смета дека Гризман не треба да дојде на „Ноу Камп“ откако лани јавно ги одби преку своето славно видео, а исто така сметаат дека Нејмар си заминал не-фер во ПСЖ во 2017 година.

Scroll to Top