Top Sport

„Распад“ на Интер – Лаутаро пред потпис со Тотенхем, навивачите на протест!

Иако најавите беа дека ќе се заддржи тимот кој минатата сезона ја освои титулата прекинувајќи ја доминацијата на Јувентус, ситуацијата во Интер е во критична фаза, откако по најавеното заминување на Ромелу Лукаку во Челси, англиските медиуми јавуваат дека и Лаутаро Мартинез е пред излез, откако Тотенхем се договорил за трансфер на Аргентинецот.

Според „Тајмс“, Тотенхем ќе платат над 60 милиони фунти за напаѓачот, победувајќи ги градските ривали Арсенал за потписот на Аргентинецот, и Лаутаро би требало да игра покрај Хери Кејн во импресивниот напад, бидејќи Даниел Леви не сака да му ја оствари желбата на Кејн за трансфер во Манчестер сити. 23-годишниот Мартинез постигна 31 гол во последните две сезони за Интер, со кои лани ја освои титулата.

Оваа ситуација ги разлути навивачите на Интер, кои вечерва планираат протест против претседателот Стивен Жанг пред пријателскиот меч против Парма на „Енио Тардини“. Според „Тутоспорт“, навивачите организирано патуваат во Емилија-Ромања за да го покажат своето незадоволство.

Scroll to Top