Top Sport

Раул Хименез ќе заигра оваа сезона по хорор скршеницата на черепот

Напаѓачот на Вулверхемптон, Раул Хименез, ќе се врати на фудбалските терени до крајот на сезоната по страшната скршеница на черепот што ја доби на мечот со Арсенал во ноември, потврди неговиот тренер Нуно Гомеш.

29-годишниот Мексиканец во еден воздушен дуел со Давид Луиз доби страшна повреда, но Нуно вели дека мора да заигра пред крајот на сезоната во мај. По ова тој беше на итна операција и сега поминува низ тешкиот дел на рехабилитацијата, иако се појави на натпреварите на „волците“ со огромна лузна на главата.

„Апсолутно сум сигурен. Засега мора да внимаваме на околностите и да избегнуваме контакт, но затоа тој почна со првите тренинзи. Тоа што е со своите соиграчи му помогна нему, но и нас. Ги следиме протоколите и не брзаме, но пресреќни сме што Раул е подобар со секој нареден ден“, вели Гомеш.

Страшен судир на „Емирати“ – „волкот“ Хименез заврши во болница

Scroll to Top