Top Sport

Раул подготвен да замине од Реал, повторно во Бундеслигата

Фудбалската легенда на Реал Мадрид, Раул Гонзалез оваа сезона импресионира со водењето на Кастилја, Б-тимот на Реал, кој е трет во Примера Федерасион 2 лигата, со само четири поени зад лидерот Аларкон, но тоа нема да биде доволно да го задржи во шпанската престолнина, тврди „Мундо депортиво“.

Според нивните извори, можно е Раул да го направи истиот избор како во фудбалските денови, кога откако стана „непожелен“ во Мадрид замина во Шалке, каде што стави крај на карирата. Токму Шалке се заинтересирани да го донесат Раул во Германија.

Единствен потег кој би го задржал во матичниот клуб е заминувањето на Карло Анчелоти на позицијата селектор на Бразил.

Scroll to Top