Легендата на Јувентус, Фабрицио Раванели вели дека „бјанконерите“ се подготвени да ги елиминираат Тотенхем во осминафиналето на Лигата на шампионите, правејќи споредба меѓу двајцата најдобри напаѓачи на тимовите – Гонзало Игуаин и Хери Кејн.
49-годишниот ветеран во интервју за „Кориере дела сера“, повторува дека според него, Игуаин е најдобриот напаѓач на светот.
„Англичанецот е вистински шампион и комплетен играч. Тој го крева нивото на неговиот тим, иако има делови на играта во кои може да биде подобар, како играта со глава. Сепак, јас сè уште го преферирам Игуаин. Тој е клучен човек во играта на Јуве, и тоа не само во нападот, туку и во средниот ред. Се работи за посигурен играч во шестнаесетникот иако двајцата се добри играчи“, вели Раванели.