Top Sport

Разочараната Шпанија со минимален триумф над БиХ (видео)

Шпанија, откако денеска без да биде на теренот беше елиминирана од „фајнал фор“ турнирот на Лигата на нации, се утеши со минимална 1:0 победа над Босна и Херцеговина во пријателски меч во Лас Палмас на Канарските Острови.

Шпанија не е меѓу елитата, откако Англија драматично ја совлада Хрватска со 2:1 на „Вембли“ неколку дена откако „фуријата“ потклекна во Загреб и загуби со 3:2.

Со подмладен тим без најискусните репрезентативци, селекторот Луис Енрике сакаше да го тестира својот тим, кој дури во 78. минута го скрши отпорот на гостите, кога по ударот на Иско, младиот Браис Мендез налета на топката и го совлада босанскиот голман Шехиќ.

Голот на Мендез погледнете го на овој линк.

Фото: ЕПА

Scroll to Top