Top Sport

Разочарување во Мадрид – Азар требаше да е локомотива, тој е товарен вагон!

Поранешниот француски фудбалер, а сега тренер на Каен, Ролан Курбис влезе во неверојатен напад на новата ѕвезда на Реал Мадрид, Еден Азар, велејќи дека сите во Мадрид се разочарани од човекот од кого очекуваат многу.

Критиките се зголемуваат по 3:0 поразот од Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите, во меч во кој „кралскиот клуб“ не упати ниту еден удар во рамката на голот на ПСЖ.

„Азар требаше да биде локомотива на новиот Реал, но во реалноста тој е товарен вагон. На подготовките дојде со пет-шест килограми вишок. Секогаш кажувавме дека тој е мрзелив и да се прашував јас, не би го донел во клуб како Реал. Ниту Зидан не е подобар. Тој не успеа да замени четири-пет фудбалери кои имаа огормна улога во клубот и затоа сега тимот е лошо физички подготвен“, вели Курбис.

Scroll to Top