Top Sport

Реакцијата на Лапорта кога му стана јасно дека на „Ноу Камп“ е опкружен со германски навивачи

Барселона, во четвртокот на „Ноу Камп“, доживеа елиминација од Лига Европа. Ајнтрахт славеше победа 3:2, но се чини дека поголем пораз Барселона доживеа на трибините.

Според информациите од Шпанија, четвртфиналниот реванш на срцето на Каталонија го следеле 79.000 гледачи, од нив помеѓу 25 и 30.000 биле навивачи на Анјтрахт. Тренерот Чави и првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, најавија дека клубот ќе спроведе интерна истрага за да се открие како толку влезници завршила кај навивачите од Франкфурт.

Ајтрахт за овој натпревар, за своите навивачи доби 5.000 влезници.

Два дена по натпреварот во емисијата „Голацо де гол“, објави снимка на која се гледа изразот на лицето на Лапорта, во моментот кога влегува во свечената ложа и кога му станува јасно дека опкружен со навивачи на Ајнтрахт.

Scroll to Top