На првото гостување на новиот стадион на Атлетико Мадрид, фудбалерите на Реал ќе ја имаат поддршката од 900 свои навивачи.
По репрезентативната пауза на 18 ноември на стадионот „Ванда Метрополитано“ ќе биде одигран првиот мадридски дерби во новиот дом на Атлетико.
Реал ќе доби 900 влезници за своите навивачи.
Инаку, пред еден месец кога Барселона гостуваше кај Атлетико, каталонскиот клуб не доби влезници кои им следуваат на гостинските навивачи, но тогаш ситуацијата во Шпанија беше малку напната поради референдумот за независност на Каталонија.
Атлетико како мерка на претпазливост, во договор со Барселона, не подели влезници за гостинските навивачи.