Top Sport

Реал бара замена за ветеранот Рамос

Серхио Рамос веќе 15 години е дел од Реал Мадрид, но јасно е дека е на залезот на кариерата. На „Бернабеу“ стигна летото 2005 година за 27 милиони евра.

И сезонава Шпанецот е еден од најдобрите во Кралскиот клуб иако веќе има 34 години. Договорот му истекува на крајот на сезоната, а засега нема потврда дека тој ќе биде продолжен.

Очекувањата се Рамод да добие нов договор, но Реал мора да размислува и за негов наследник.

„Марка“ денеска објави дека неколку играчи се потенцијални мети на Кралевите за позицијата стопер:
Пау Торес (Вилјареал), Давид Алаба (Баерн Минхен) и Џулс Коунде (Севилја).

Во мадридскиот клуб голема надеж полагаат и во Едер Милито кој минатата година за 50 милиони евра дојде од Порто.

Сепак, Милитао и посебно Варан во последниот период не се на посакуваното ниво, па за очекување е да дојде „свежа крв“ во Реал.

Scroll to Top