Top Sport

Реал бара засилувања во Барселона

Реал Мадрид во зимскиот преоден рок ќе започне со реконструкција на тимот, која треба да заврши во летниот преоден рок во 2018 година.

Лошите резултати кои ги бележи екипата го натераа претседателот Флорентино Перез да размислува за ремонт на екипата која доминираше изминатата сезона во европскиот фудбал.

Весникот „АС“ објави дека Реал ќе тргне по 18-годишниот Ориол Бускетс, играчот од средниот ред на Барселона кој нема дебитирано во Ла Лига, а и барем засега не сака да потпише договот во Каталонците.

Покрај тинејџерот Бускетс, Реал ќе се обиде да го донесе и Самјуел Умтити. 24-годишноот дефанзивец минатоот лето од Лион пристигна на Барселона за 25 милиони евра/

Реал ќе се обиде да понуди околу 60 милиони евра за овој играч кој е незаменлив во одбраната на Барселона.

Инаку покрај Реал за Умтити се интересираат и клубовите од Манчестер.

Scroll to Top