Фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, ќе го пропушти дуелот со Малага во шпанското првенство поради повреда.
Тренерот Зинедин Зидан за шпанските медиуми рекол дека повредата не е сериозна.
„Како и секогаш, подобро е да одмори три-четири дена отколку повредата да се влоши“,изјавил Зидан.
Асенсио од почетокот на сезоната има одиграно 20 натпревари за Реал и постиганот седум гола, од кои четири во Ла Лига.
Реал утре ќе ја пречека Малага (16:15 часот) во рамките на 13.коло и со триумф ќе ја продолжи потерата по Барселона.
Реал заедно со Атлетико е на третото место со 24 бода, десет помалку од водечката Барселона.