Top Sport

Реал без муниција со Бетис – во три кола, вторпат играат 0:0

Кога 17 шута кон противничкиот гол, односно 5 во рамките на голот не се доволни за барем еден погодок, тогаш се чини фудбалерите на Реал Мадрид нема што да бараат во трката за титулата во Ла Лига.

„Кралевите“ одиграа само 0:0 против тимот на Бетис на свој терен и направија чекор наназад во трката со Атлетико Мадрид за шампионската титула. Истиот резултат го постигнаа и пред 2 кола, кај Хетафе.

Доколку „Јорганџиите“ утре триумфираат кај Атлетик во Билбао ќе се одлепат на +5 од градскиот ривал. Барселона во моментов е трета со -3 бода зад Реал, но и со два дополнителни меча за играње.

Претходните два денешни дуели во 32. коло завршија со идентичен резултат, 1-1.

Кадиз зема бод кај Валјадолид, а Валенсија во 89 минута се избори за реми на „Местаља“ против Алавес.

Scroll to Top