Top Sport

Реал го добива најголемиот спонзорски договор во историјата на фудбалот

Реал Мадрид минува низ резултаска криза, раководството го отпушти тренерот Хулен Лопетеги, но лошите изданија на теренот не го намалуваат интересот на спонзорите за најславниот клуб во светот.

Дека Реал е „фабрика за правење пари“, потврдува и најновиот договор што „кралскиот клуб“ ќе го добие од компанијата „Адидас“.

Еден од најголемите производители на спортска опрема, инаку долгогодишен партнер на Реал, за нова соработка понудил двојно повеќе пари, од она што му исплаќа на „кралскиот клуб“.

„Адидас“ до 2020 година годишно му исплаќа 52 милиони евра, а од 2020 година таа сума ќе изнесува неверојатни 110 милиони евра. Во договорот стои дека „Адидас“ ќе му биде технички партнер на Реал и во наредните десет години.

Во „Адидас“ се решила не ваков чекор бидејќи голем интерес покажувале конкурентите, најмногу „Најки“ и „Амдер армур“.

Од компанијата порачале дека 13.титули европски првак што ги има Реал имаат своја цена, а „Адидас“ биле подготвени да го платат тоа.

Инаку, Реал е лидер и кога станува збор за рекламите на дресот. Реал од „Флај Емирејтс“ добива годишно 72 милиони евра, додека Барселона од „Ракутен“ добива 55 милиони евра, а „Шевролет“ на Манчестер јунјатед му плаќа 62 милиони евра.

Scroll to Top