Реал Мадрид и Лион имаат вербален договор за трансфер на Рајан Шерки, со кој „кралевите“ ќе ја имаат прват опција за трансфер ова лето, тврдат шпанските медиуми.
19-годишниот Шерки е со Лион од неговата деветта година и 19-годишниот талент има три гола и три асистенции во 22 меча оваа сезона, откако стана стандарден првотимец по дебито во октомври 2019 година.
Реал го следат прогресот на Шерки од деновите кога тренер беше Зинедин Зидан, а интересот има логик бидејќи тој игра како фудбалер од средниот ред, а може да биде и на позиција на крило.