Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го посочил фудбалерот кој треба да ја реши хроничната не ефикаснст. „Дон Балон“, кој не секогаш е релевантен извор на информации, тврди дека Реал ќе се обиде да го донесе капитенот на Интер, Мауро Икарди.
Аргентинецот неколку сезони е меѓу најдобрите стрелци во Серија А, а Реал и во минатиот преоден рок се обидуваше да го убеди да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Икарди, како решение во нападот, на Реал му го препорача и поранешниот тренер Фабио Капело.
Флорентино Перез ќе се обиде да го донесе Икарди веќе во зимскиот преоден рок. Наводно Реал бил подготвен да плати 40 милиони евра и во Интер да го испрати Лука Модриќ.