Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан реши да го испрати својот син Лука на позајмица во Расинг Сантандер.
Лука, околу кого се кршеа копјата на „Сантијаго Бернабеу“ и за кого неговиот татко тврдеше дека треба да биде втор голман, односно да му биде резерва на Тибо Куртоа, го напушта Реал, а искуство ќе собира во Расинг некогаш стандарден член на Примера.
За место во тимот Лука Зидан ќе се бори со искусниот голман Иван Креспо.
Заминувањето на Лука Зидан значи дека Кејлор Навас ќе остане во тимот. Наводно Костарикенецот добил уверување од тренерот Зидан дека ќе има еднаков третман со Куртоа.
Трет голман ќе остане Украинецот Лунин, кој неодамна со Украина го освои Светското првенство за играчи до 20 година.