Реал Мадрид се решиле да го продадат Серхио Регуилон на Тотенхем ова лето поради неговите несогласувања со Лука Зидан, синот на тренерот Зинедин Зидан, тврди шпанскиот „Ел конфиденсијал“.
Регуилон пристигна во Лондон со трансфер од 30 милиони фунти, што се сметаше за успех на Тотенхем поради тоа што тој беше еден од клучните играчи на Севилја при освојувањето на Лига Европа, откако беше во андалузискиот клуб како позајмен фудбалер.
Регуилон работеше под Зинедин Зидан во Реал Б (Кастилја), во исто време кога неговиот син Лука беше во тимот, но беше позајмен на Логроњес, а Зидан го прати на позајмица во Севилја при враќањето на клупата на „кралевите“. Минатиот месец, голманот Лука Зидан потпиша за второлигашот Рајо Валјекано, откако лани беше на позајмица во Расинг Сантандер.
Тотенхем има договор со Регуилон до јуни 2025 година, но во неговиот договор Реал имаат опција да го купат назад за 45 милиони евра.