Top Sport

Реал и Барселона ќе се тркаат за потписот на Тирни

Реал и Барселона покажале интерес за левиот бек на Арсенал, Киран Тирни. Шкотскиот репрезентативец, сезонава има одиграно 25 натпревари за Арсенал, постигнал еден гол и забележал три асистенции.

Реал, подготвува реконструкција на тимот. Не е тајна дека клубот работи на трансферите на Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Шпанските медиуми тврдат дека по катастрофата што ја доживеа Реал во дербито со Барселона, првиот човек Флорентино Перез, планира да го засили тимот на сите позиции.

Позицијата лев бек, долго време е проблематична кај Реал. Оваа сезона стандарден е Ферлан Менди, но Карло Анчелоти нема вистинска замена за него.

Англиските и шпанските медиуми тврдат дека Реал ќе се обиде да го донесе Тирни од Арсенал.

Проблем може да претставува цената и интересот на најголемиот ривал на Реал, Барселона. Каталонците бараат замена за Џорди Алба. Дсега тие најмногу се поврзуваа со Хосе гаја од Валенсија.

Арсенал за левиот бек бара 50.000.000 евра.

Киран Тирни пред три години за сума од 27.000.000 евра од Селтик се пресели во Лондон.

Scroll to Top