Top Sport

Реал и саудиските клубови подготвени да го купат Осимен веќе во јануари

Реал Мадрид и богатите саудиски клубови ќе е обидат да го купат напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен веќе во јануари по контроверзите околу „Тик Ток“ видеото објавено од италијанскиот клуб, тврди „Дејли мејл“.

Нигерискиот напаѓач во моментов е лут на својот клуб, кој објави видео на кое тој го промашува пеналот против Болоња во текот на викендот со глас „Дај ми пенал“, по што неговиот агент најави тужба иако видеото беш избишано. Осимен ги избриша сите траги од Наполи на својот Инстаграм акаунт.

Ова ги зголемува шпекулациите дека ќе турка за излез веќе во јануари, и според „Дејли мејл“ веќе постои интерес кај Реал Мадрид и кај саудиските клубови. Челси исто така ја следеле ситуацијата, но во моментов не знаат дали можат да си приуштат уште едно скапо засилување со висока плата.

Scroll to Top