Рениер Жесус 17 годишниот голем талент на бразилскиот фудбал ги минал лекарските прегледи на „Сантјаго Бернабеу“и за осум дена ќе го потшише договоорт со Реал Мадрид. Младиот фудбалер на социјалните мрежи веќе се пофалил со фотографии од култниот стадион.
Рениер Жесус оваа година со Фламенго ги освои трофеите во Копа Либертадорес и домашното првенство.
Причината зошто тој ќе го парафира договорот на шест и пол години на 19 јануари е таа што тој тогаш ќе стане полнолетен. На тој начин Реал ќе ги испочитува правилата на ФИФА.
Фламенго ќе добие 30 милиони евра како обесштетување.
Во битката за овој фудбалер Реал ја доби битката со најголемиот ривал Барселона.
Инаку Реинер Жесус до крајот на сеозната ќе игра во вториот тим на Реал, Кастилја.