Top Sport

Реал ја понижи Севилја во едно полувреме (видео)

Реал Мадрид стигна до импресивна 5:0 победа над Севилја, обезбедена во „фуриозното“ прво полувреме, за да се искачи на третото место на табелата и да дојде на 5 поени од лидерите Барселона.

„Лос бланкос“ постигнаа гол уште во втората минута преку Начо, по што „новопечениот“ освојувач на пет „Златни топки“, Кристијано Роналдо го реши мечот прво со гол по одличната асистенција на Марко Асенсио во 23. минута, а потоа и од белата точка во 31. минута.

Мадриѓани не застанаа тука – во 38. минута, Тони Крос зголеми на 4:0, пред 19-годишниот Мароканец Ашраф Хакими да го постигне својот првенец во дресот на Реал за неверојатни 5:0 по 42 минути игра.

Scroll to Top