Top Sport

Реал ќе го вратат Едегард во Мадрид

Мартин Едегар, фудбалерот на Реал Мадрид кој им е позајмен на Реал Сосиедад, по завршувањето на сезоната ќе се врати во „кралскиот клуб“. Во Реал биле импресионирани од напредокот што го покажал Норвежанецот од почетокот на сезоната.

Едегар на 16 годишна возраст беше најавуван како новиот Меси или новиот Роналдо, што му обезбеди трансфер во Реал Мадрид.

На почетокот не го покажа потенцијалот поради што Реал редовно го испраќаа на позајмици. Оваа сезона Реал Сосиедад договорија две годишна позајмица , но тој по само една сезона ќе се врати во Мадрид, каде ќе треба да покаже што знае.

Едегард е главниот креатор на играта на Сосиедад и најзаслужен што тимот од „Аноета“ се наоѓа на петтото место на табелата во Ла Лига.

Досега одиграл 15 натпревари, има учинок од четири гола и исто толку асистенции.

Scroll to Top