Top Sport

Реал ќе му дадат на Модриќ само едногодишен договор

Лука Модриќ најави дека сака да ја заврши кариерата со Реал Мадрид, но „кралевите“ се подготвени да му дадат само уште едногодишно продолжување на договорот, тврди шпанскиот весник „Спорт“.

Хрватскиот освојувач на „Златната топка“ во 2019, минатиот месец наполни 35 години, а договорот со Мадрид му трае до јуни 2021 година, негова деветта сезона на „Бернабеу“.

Во клубот сметаа дека нема ништо контроверзно во оваа одлука, бидејќи има слични примери со други ветерани во клубот. Тој не е единствен „проблем“ на Мадрид, бидејќи и на капитенот Серхио Рамос, кој има 34 години договорот му завршува на крајот на сезоната.

Scroll to Top