Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Лас Палмас 3:0 (1:0) во последниот натпревар одигран во рамките на 11 коло во Ла Лига. Дуелот ќе остане запаметен по брилијантниот гол кој го постигна Марко Асенсио.
Реал во дуелот со претпоследнопласираниот тим во Ла Лига не блескаше, но одигра доволно добро да го совлада Лас Палмас и да го врати „мирот во куќата“ по поразите од Џирона и Тотенхем.
За овој натпревар Зинедин Зидан направи одредени корекции во составот, во партнер на Рамос во одбраната му беше младиот Ваљехо, кој дебитираше за Реал, Начо играше крај десната аут линија, а во составот беше и Марко Асенсио. На клупата Зидан го остави Модриќ.
Победникот Реал го реши во финишот на првото и почетокот на второот полувреме. Каземиро го постигна првиот гол во 41 минута, во 56 Асенсио зголеми на 2:0, а конечниот резултат го постави Иско во 74 минута.
Реал со оваа победа стигна до 23 бод во првенството и се врати на делба на третата позиција на табелата со градскиот ривал Атлетико. Овие два тима ќе се соочат во 12 коло на 19 ноември.
Лас Палмас остана претпоследен со само шест освоени бода.
Резултати, 11 коло:
Бетис-Хетафе 2:2
Барселона-Севилја 2:1
Алавес-Еспањол 1:0
Ла Коруња-Атлетико Мадрид 0:1
Валенсија-Леганес 3:0
Виљареал-Малага 2:0
Реал Сосиедад-Еибар 3:1
Селта-Атлетик Билбао 3:1
Леванте-Џирона 1:2