Top Sport

Реал Мадрид демантира дека дресови на Атлетико се забранети на „Бернабеу“

Реал Мадрид официјално ги демантираше написите на „Марка“ дека гостински дресови се забранети на „Сантијаго Бернабеу“ пред дуелот од Копа дел реј против Атлетико Мадрид во четврток.

Главниот проблем во текстот на „Марка“ беше тоа што Реал дозволил само 334 билети за градското дерби на лутите ривали, но „кралевите“ имаат објаснување и за тоа.

„Информациите се категорично и целосно неточни. Реал Мадрид никогаш не одбил влез на ‘Сантијаго Бернабеу’ на навивачи кои носат бои на гостинските клубови. Ова секогаш било случај, како што секој може да забележи и ќе продолжи да биде така. Околу бројот на билети за Атлетико де Мадрид за следниот меч, клубот сака да појасни дека се работи за истиот број на билети кои беа достапни за навивачите на Реал Мадрид при гостувањето на ‘Метрополитано’“, се вели во објавата на Реал.

Scroll to Top