Фудбалскиот клуб Реал Мадрид и производителот на спортска опрема „Адидас“ го продолжија договорот за уште осум години, до 2034 година.
Германската компанија произведува дресови на Реал Мадрид повеќе од 35 години.
Двете страни првпат ја започнаа соработката во 1980 година, а клубот освои осум трофеи во Лигата на шампионите носејќи го познатиот дрес со три ленти.
Со новиот договор, Реал ќе добива 120 милиони евра годишно, објави мадридскиот весник „АС“.
Во изјава на веб-страницата на Реал, претседателот на клубот, Флорентино Перез, го нарече овој договор „најважниот договор во историјата на фудбалот“.
Извршниот директор на „Адидас“, Бјорн Гулден, го пофали едно од најдолгите и најуспешните партнерства во спортот и рече дека е исклучително горд што компанијата ќе остане дел од приказната.
Реал неодамна го продолжи договорот со главниот спонзор, компанијата „Емирати“ до 2031 година, а таа компанија ќе стане главен спонзор на кошаркарскиот клуб.
Според мадридскиот спортски весник „Марка“, Реал годишно ќе собира 74 милиони евра од тој спонзорски договор.
Foto/ Depositphotos
