Top Sport

Реал Мадрид потпиша договор со синовите на Гудјонсен

Еидур Гудјонсен можеби играше за Барселона во текот на својата кариера, но сега неговите синови ќе го претставуваат Реал Мадрид.

16-годишниот Андри Гудјонсен ќе биде дел од Јувенил тимот на Реал Мадрид, додека 12-годишниот Даниел ќе биде во нивниот Инфантил Б состав. Двајцата пристигнуваат кај „Лос бланкос“ од Каталонија, откако Андри играше за академијата на Еспањол, додека Даниел беше дел од славната „Ла Масија“ академија на Барселона.

Според Марка, Барселона се обидела да потпише договор со Андри, но понудата на Реал Мадрид била подобра, така што цело семејство се сели во престолнината.

Scroll to Top