Top Sport

Реал Мадрид сакаат да го задржат Крос на „Бернабеу“ до 2024. година

Шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид сака да го задржи во своите редови германскиот фудбалски репрезентативец Тони Крос и во иднина. Клубот од „Сантијаго Бернабеу“ е подготвен да го продолжи договорот со 31-годишниот фудбалер до 2024. година.

Сегашниот договор меѓу Крос и „Кралевите“ има рок на важност до јуни 2023. година.

Синоќа, во победата против Рајо Ваљекано Крос го запиша првиот сезонски погодок.

Во Реал е од 2014. година, има 215 настапи, 18 постигнати голови и освоени сите можни клупски трофеи.

Scroll to Top