Top Sport

Реал Мадрид се договориле со Дортмунд за Белингем

Реал Мадрид веќе склопиле договор со Борусија Дортмунд за трансферот на Џуд Белингем во договор вреден над 100 милиони евра, и тој ќе биде официјализиран во следните неколку дена, објавува „Атлетик“.

Трансферот на 19-годишниот талентиран Англичанец ќе биде еден од најголемите во историјата на двата клуба и Реал Мадрид ги побеува англиските ривали за неговиот потпис.

Белингем ја освои наградата за најдобар фудбалер во Бундеслигата оваа сезона, а имаше и одличен настап за Англија на Светското првенство во Катар. Ливерпул беа први кандидати за неговиот потпис, но се повлекоа од трката поради превисоката сума која ја бара Дортмунд, а кратко потоа и Манчестер сити беа во игра.

На крајот на сезоната повеќе извори објавија дека тој се договорил за личните услови со „кралевите“. Белингем влегува во остра конкуренција со другите млади играчи од средниот ред на Реал како Едуардо Камавинга, Орелиен Чуамени и Феде Валверде.

Scroll to Top