Top Sport

Реал Мадрид со најголем раст на вредноста на тимот

Реал Мадрид е клубот со највисок раст на цената на тимот за 2023 година, покажа анализата на „Foorball Benchmark“.

Анализата беше направена за најголемите клубови од Англија, Шпанија, Италија, Германија, Франција, Португалија, Холандија и Турција.

Во моментов тимот на Анчелот е проценет на 1,152 милијарди евра и е на второто место заедно со ПСЖ. Најскап тим има Манчестер Сити – 1.414 милијарди евра.

Меѓутоа, Реал Мадрид е тимот кој најмногу ја зголемил вредноста во изминатата година и тоа за цели 21%. Вредноста на тимот на ПСЖ се зголемила за 15%, додека кај Сити за 9%.

Scroll to Top