Лигата на шампиони очигледно им „лежи“ на Реал Мадрид, кои во сабота го играат своето трето финале во низа, и тие можат да добијат фантастична сума од 300 милиони евра од натпреварувањето во последните пет години.
Во 2013 година, кога загубија во полуфиналето, „Лос бланкос“ добија 48.3 милиони евра, а ако ја освојат својата 13. титула, тие ќе добијат нешто под 100 милиони евра, од кои 64 за спортското остварување, а остатокот од ТВ-правата на УЕФА.
Десеттата титула (славната „Ла дечима“) дојде по 12 години пауза и со награда од 65 милиони евра, а во 2016, по 11. титула против Атлетико, тие инкасираа 80 милиони евра. Минатогодишниот триумф во Кардиф донесе 81.05 милиони евра, додека поразените Јувентус над 100 милиони евра поради посебните ТВ-права за италијанските клубови.
Фото: ЕПА