Top Sport

Реал наредното лето ќе го купува Мбапе

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, наредниот викенд ќе треба се појави пред акционерите и да одговора на многу прашања. Перез веќе подготвил дел од говорот.

Претседателот на „кралскиот клуб“ е убеден дека преодниот рок бил добар и добро одработен.

„Го донесовме Азар кој е најдобриот напаѓач во светот. Никогаш не сме потрошиле повеќе пари во еден преоден рок, екипата што освои три титули во ЧШ е повторно ‘гладна’, ова не е нивниот крај“, рекол Перез.

Потоа тој открил што се случувало со Пол Погба и Нејмар во текот на летото.

„Манчестер не сакаа да го продадат Погба, не можевме ништо да направиме. За Бразилецот повеќе пишуваа медиумите него што тоа беше реално да се случи“.

Перез веројатно си подготвува и алиби пред клупските акционери бидејќи сакал да го најави за наредното лето трансферот на Килијан Мбапе.

Францускиот репрезентативец има договор со ПСЖ до јуни 2022 година и се претпоставува дека наредното лето е последно кога „светците“ ќе можат да земат големи пари од неговиот трансфер.

Наводно Перез ќе понудел 300 милиони евра за Мбапе.

Scroll to Top