Top Sport

Реал не се засили во преодниот рок

Реал Мадрид во летниот преоден рок не донесе ниту еден фудбалер. Последен пат вакво нешто се случило пред 40 години. Иако неколку фудбалери се поврзуваа со Реал, тренерот Зинеди Зидан сметаше дека не му се потребни нови лица во тимот. Реал ќе се фокусира на летниот преоден рок во 2021 година.

Реал ова лето продаваше и испраќаше свои играчи на позајмици. Зидан реши само да го врати во тимот Алваро Одриозола, Мартин Едегард и голманот Андриј Лунин кои минатата сеозна ја минаа на позајмици.

Реал заштеди пари откако минатото лето потрошо речиси 350.000.000 евра на трансферите на Еден Азар, Лука Јовиќ, Ферлан Менди, Едер Милитао, Родриго и рениер.

Летово Реал заработи 100.000.000 евра.

Екипата ја напуштија Герет Бејл и Серхио Регуилон (Тотенхем), Хамес Родригез (Евертон), Ашраф Хакими (Интер), Борха Мајорал (Рома), Оскар Родригез (Севилја), Брахим Дијаз (Милан)…

Наредното лето Реал го тргне по Килијан Мбапе, а не се исклучва можноста да се обидат да го донесат и Ерлинг Халанд.

Scroll to Top